Грција денеска ќе ја погоди страшно невреме, а на граѓаните и туристите им е испратено предупредување во форма на СМС порака. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, вчера зборуваше за очекуваното невреме.

Граѓани кои престојуваат на Халкидики, веќе почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од утрово небото е сиво, а во Сарти се појави и мало торнадо.

Според прогнозите, најголемите проблеми ќе има претпладне на Халкидики и Солун и Кавала, додека на пладне невремето ќе се прошири.

Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со громови на копно и на море. За подобри информации за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита, се додава во соопштението на министерот.

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области во северна Грција, добија итна смс порака.

Избегнувајте преминување на потоци, пеш или со возило, за време на невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не ги вклучувајте електричните апарати или телефоните, бидејќи молњата може да помине низ жици. Избегнувајте допирање на водоводните цевки (кујна, бања), бидејќи тие се струјни спроводници, се вели во предупредувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.