Она што е потребно е претпазливост, почитување на меѓународното право и средина што ќе овозможи Белград и Приштина да разговараат за решавање на разликите, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Виетнам, каде што е во посета, во изјава за грчките медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, министерот за надворешни работи на Грција ја коментираше ситуацијата на Косово, истакнувајќи дека Атина ќе стори сè што може за олеснување на процесот меѓу Белград и Приштина.
Како што е познато, стабилноста и безбедноста во поширокиот регион е нешто што е од апсолутен интерес за грчката дипломатија. Не се сеќавам колку пати во последните две години ги посетив Приштина и Белград. Исто така, како што е познато, Грција учествува во КФОР, мировните сили на Косово. Она што се бара е претпазливост, почитување на меѓународното право. Исто така е средина што ќе им овозможи на Белград и Приштина да разговараат и да ги решат нивните разлики. Нашата земја, како кредибилен соговорник на Балканот ќе направи сè што може за да го олесни овој процес, рече Дендиас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.