Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска ќе го посети Загреб, каде што ќе учествува на годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и конзули на Хрватска, што се спроведува од 24 до 26 август.
Дендиас е поканет од хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман.
Како што информираше грчкото Министерство за надворешни работи, Дендиас ќе биде пречекан и од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Пред да заврши посетата, Дендиас ќе има и работна вечера, чиј домаќин ќе биде неговиот хрватски колега.
Се очекува разговорите на Дендиас и хрватските официјални лица да се фокусираат на билатералните прашања, руската воена операција во Украина и на настаните во Источниот Медитеран, како и на соработката на двете земји во рамки на Европската Унија за повеќе прашања, вклучувајќи ја и европската перспектива на Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.