Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер синоќа во 22:37 часот е регистриран во Албанија, по што следуваше и друг, но со послаб интензитет.
Епицентарот е на 29 километри северо-источно од Тирана, во подрачјето на околијата Пешкопеја, на 9 километри јужно од градот Клос. Во оваа област во петокот од 20:30 до 6 часот во саботата беа регистрирани дури седум потреси со послаба јачина.
Потресот е почувствуван и во Тирана (4,7 степени) и други градови.
Силно беше почувствуван и на македонска територија во поширокиот регион на Дебар, кој видно ги вознемири жителите, посебно оние кои живеат на повисоките катови од станбени згради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.