Уапсени се две лица осомничени дека со автомобил ја згазиле малата Данка , а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Ккриминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј. (50) од село Лука и Д.Д. (50) од село Злот.

С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путник“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишната Данка и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде што телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.