Денес сме тенковска велесила, имаме огромен број тенкови. Но, проблемот е што немаме доволно луѓе. Југот на Србија не може да ја брани целата земја. Војводина и Белград, таму имаме катастрофален проблем, вели претседателот Александар Вучиќ опишувајќи ја српската војска.
Вучиќ е многу директен и објаснува дека „Без војска сте никој и ништо. Ќе нѐ згазат како мува и бубашваба.“
Бегајте од тие кои ви даваат и подаруваат. Или ќе имаме армија или нема да ја имаме.Ако ја немаме заборавете на суверенитет и независност. Ако сакате во НАТО нема проблем. Има некои што немаат војска, а се во НАТО. Немаат ни гас, но многу им е гајле. Некоја друга земја ќе им го чува небото. Јас додека сум претседател тоа нема да го одобрам и ќе бидам за тоа сами да го чуваме небото – изјави Вучиќ за „Пинк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.