Припадниците на српската војска на административниот премин Мердаре на КФОР му предале барање за враќање на 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија. Ова следува откако синоќа Владата на Србија синоќа донесе одлука дека согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН ќе испрати барање до КФОР за враќање на до илјада српски безбедносни сили на територијата на Косово. Сега се очекува одлуката дали ќе биде прифатено.

Останува прашањето што после ваквото барање. Петар Милетиќ од Српската наредна странка во Македонија во разговор за „Локално“ вели дека не очекува да биде одобрена одлуката за да се врати српската војска и полиција на Косово, која под Резолуција 1244 е загарантирано право дека треба да ги има.

Петар Милетиќ

-Доколку се врати српската полиција и војска, може само да придонесе за стабилноста и мирот затоа што српското населние ќе се чувствува многу посигурно и нема да биде како досега малтретирано и провоцирано. Невини луѓе се апсени без никакво образложение. Не верувам дека би дозволиле да се врати бидејќи гледаме каква е еднострана политиката, потенцира Милетиќ.

Тој ја поздравува посетата на специјалниот претставник на САД, Габриел Ескобар.

Посетата на Ескобар е добредојдена во периодот. Оваа порака е наменета и за високата корупција во околните држави што се случува, особено во Македонија и Косово. Мислам ќе бидат санкционирано. Приштина ќе биде прекорена во однос на тоа дека не го почитува Вашингтонскиот договор и тоа е директно газење на договорите со САД и нивните интереси. За разлика, Србија ги има испочитувано сите договори. Европските држави сакаат да го водат процесот, но со оглед на случувањата само ескалираат. Се нуди Србија да влезе во ЕУ, а да го признае Косово. Тоа е исто ко да ви каже некој „ќе ви дадеме милион евра, откажете се од вашето сопствено дете“, истакнува Милетиќ кој воедно е и дел од Советот на Град Скопје.

Според него, во моментов Србија е мостот меѓу Западот и Истокот.

-Во Вучиќ имаат партнер со долгогодишно искуство и кој се покажа како балкански лидер кој може во дадена ситуација да им помогне на сите пријателски држави. Треба да сметаат западот и САД дека Вучиќ не е семоќен бидејќи има дадено заклетва на српскиот Устав и мора да го брани суверенитетот на Србија. Мислам дека се свесни дека во дадена ситуација Србија мора да реагира за да го заштити своето население. Црвената линија не знаеме до каде е, додава Милетиќ.

Потезите на косовскиот премиер Албин Курти, членот на Српската народна странка ги оценува како „туркање кон конфликт“.

Апсолутно потезите на Курти не се во координација со САД. Тоа покажуваат и изјавите на американските амбасадори во Косово и Србија. Се гледа дека други струи го туркаат Курти во лошо сценарио за цел Балкан. Не знаеме кој е интересот за да го воведе Балканот во криза и судири. По сите постапки, се гледа дека сака да испровоцира конфликт, порачува Милетиќ.

 

 

Саша Богдановиќ

Поранешниот градоначалник на општина Центар и член на СДСМ, Саша Богдановиќ вели дека не очекува одговор за барањето на Вучиќ за српските сили.

По тоа што го знам, КФОР не одобрува туку само ја добиваат информацијата бидејќи според резолуцијата, КФОР само треба да биде известен. Како ќе одговори не би можел да знам, но по последните изјави мислам дека нема да има одговор, изјави Богдановиќ за „Локално“.

Тој оценува дека американските дипломати што доаѓаат во регионот сакаат да има напредок во земјите.

Верувам дека сакаат да имаат нормален напредок на цел Западен балкан, но тоа треба да се должи на почитување на веќе усогласени договори бидејќи со непочитување на истите се создава недоверба. Сите треба да дадат свој придонес за да имаме мир, а со самото тоа и напредок на Западен Балкан, истакнува соговорникот.

Богдановиќ ја поздравува работата на Вучиќ и неговите потези во однос на ситуацијата со Косово.

Претседателот на Србија со сите свои иницијативи и постапки сака да сите заедно одиме напред, и да работите ги решаваме заеднички, а тоа се гледа со иницијативата „Отворен Балкан“ којшто е добра подлога за решавање на некои заеднички прашања и проблеми, кажа поранешниот градоначалник и додава дека косовскиот премиер ги создава тензиите кај нашите северни соседи.

Лошата работа е што Курти не се придржува до претходно потпишаните договори и со тоа создава непотребна тензија и недоверба, заклучува Богдановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.