Полицајците во Подгорица во текот на досегашната истрага се обидуваат да го реконструираат целиот настан, насоката на движење и контактите на Младен Булатовиќ, кој се разнесе со рачна бомба на влезот во Основниот суд, пренесуваат медиумите во соседството.

Според порталот „Стандард“, полицијата испрашала голем број луѓе, но ниту една изјава досега не навестувала дека оваа трагедија ќе се случи.

Наводно, Булатовиќ претходната ден нагло дал отказ во агенцијата за изнајмување автомобили каде што работел. Наводно побарал и од поранешната сопруга да го однесе детето на тренинг, но се уште не се знае зошто ја активирал бомбата на самиот влез на судот. Според досегашните податоци, тој немал закажан термин во судот, иако наскоро требало да одлежи пократка казна домашен притвор.

Сомнежите се дека Булатовиќ ја активирал рачната бомба на самиот влез во Основниот суд во Подгорица, пред главната сала. Во тој момент во близина на влезот имало неколку лица кои биле повредени или од шрапнели од бомбата или од стаклото на влезната врата. Повредени се осум лица, од кои четворица се задржани на лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.