Ивица Дачиќ, пред коалицијата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, на прес-конференција рече дека е задоволен од демократската атмосфера на изборите.

Дачиќ му ја честиташе, како што рече, големата победа Александар Вучиќ.

Сакам да го изразам моето задоволство од демократската атмосфера во која се одржаа изборите. На самиот почеток сакам да го изразам моето огромно задоволство и да му честитам на Александар Вучиќ за неговата победа за претседател на Србија во првиот изборен круг… Коректноста на политиката која ги зема предвид националните интереси. Сакам да му честитам на Александар Вучиќ за овие резултати и огромната историска победа. Сакам да го искористи овој мандат за натамошен напредок на Србија, во што ќе ја има нашата поддршка, како што тоа го правеше и досега. Тој резултат од 60 проценти во такви услови, напади врз него и демонизирање на неговото семејство, ќе остане пример како резултатите може да ја надминат омразата – рече Дачиќ на почетокот на своето обраќање до медиумите.

Според него, коалицијата што ја предводи е задоволна од изборните резултати бидејќи постигнале подобар резултат од претходните избори за 100.000 гласа.

Шефот на социјалистите одговори и на прашањето дали очекува премиерско место.

Не беше разговарано. Секоја партија во изборната кампања мора да има мотивациска порака за гласачите. А за гласачите на СПС ова беше пораката,  рече Дачиќ.

фото: СПС / Фејсбук

Тој во својот говор се осврна и на коалицирањето со СНС за кое рече дека ќе продолжи и по овие избори.

Листата која ја предводи Александар Вучиќ и нашата листа, секако, сигурен сум дека имаат над 50 проценти од мандатот, па убеден сум дека победата е отворена и во Белград. Процентот што го постигнавме во Белград е значително поголем отколку на претходните избори – рече тој.

Тој додаде дека иако се уште не се пребројани сите гласови во главниот град, „со сигурност може да се каже дека мнозинството го имаат СПС и СНС“.

Подготвени сме за соработка со СНС на сите нивоа како и досега – рече тој и додаде дека на партијата ѝ треба подмладување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.