Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во врска со изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека договорот меѓу Белград и Приштина ќе биде постигнат напролет следната година, рече дека „никаде не се споменати рокови, ниту се дел од некаков договор што е постигнато“.

Дачиќ за телевизијата Б92 изјави дека Курти „живее во паралелна реалност“.

„За дијалог се потребни двајца, а понекогаш и тројца. Ако не им треба Србија, тогаш нема потреба од дијалог“ – рече Дачиќ.

На прашањето дали „француско-германскиот предлог“ е прифатлив за Србија, Дачиќ рече дека овој предлог „може да биде добра почетна точка за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, доколку нема членство во ОН“ за Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.