Собранието на Косово, со мнозинство гласови, денеска даде дозвола за испраќање на контингент на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во мировна мисија на Фолкландските Острови, кои се дел од Велика Британија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со 77 гласа „за“ во Собранието беше усвоена вчерашната владина одлуката за испраќање на припадници на ФСК во мисија надвор од земјата, според Имплементирачкиот договор за приклучување на персонал на ФСК во Пешадиската единица Роулмент на Фолкландските острови.

Во мисијата ќе учествуваат до седум припадници на ФСК. Мисијата ќе трае три години, со можност за продолжување и за ротација.

Контигентот на ФСК ќе биде под команда на вооружените сили на земјата домаќин, а трошоците ќе се покријат од буџетот на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.