Врање не смее да остане празно, бидејќи е брана на територијалниот интегритет на Србија и затоа е важно јас да бидам премиер, а Александар Вучиќ претседател, изјави претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ во Врање на завршната предизборна конвенција на коалицијата СПС-Единствена Србија (ЈС)-Зелените на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ ја поддржа одлуката на политичките партии со кои е во коалиција (СНС) на парламентарните избори да излезат самостојно на локалните избори, посочувајќи дека единствено важно е заедно со Српската напредна странка да добијат мнозинство во парламентот.

Според Дачиќ, доколку стане премиер, тој ќе продолжи да се залага за политика на повлекување на признавањето на Косово и поддршка на Република Српска како „врвно, херојско наследство“.

-Не очекувам да гласате за мене, туку за себе и интересот на Србија и затоа во недела е победа на Србија, рече Дачиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.