Воздушниот простор на Црна Гора е затворен за сите руски авиони со одлука на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на предлог на Министерството за капитални инвестиции, објави РТЦГ.
Со оваа одлука, Црна Гора им се приклучи на земјите-членки на Европската унија кои на 27 февруари го затворија својот воздушен простор за авио сообраќај со Русија, како одговор на руската воена интервенција во Украина.
По рускиот напад врз Украина на 24 февруари, Црна Гора се приклучи кон сите рестриктивни мерки, вклучително и осум пакети индивидуални и економски санкции што Европската унија ги усвои против Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.