Владата на Црна Гора ја продолжи важноста на епидемиолошките мерки против корона вирусот за уште 14 дена, со тоа што во зависност од епидемиолошката состојба, ќе може да се коригираат, соопшти Министерството за здравство.
Препораката до сопствениците на туристичките компании, рестораните и хотелиерите е сите вработени да носат заштитни маски, со цел да се спречи и одржи работата во текот на летната туристичка сезона.
Се препорачува и носење маски на аеродромите, железничките и автобуските станици, како и на сите места каде има гужва.
Оваа препорака особено се однесува на хронични пациенти, постари и имуно чувствителни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.