Српските експерти откриле дека постојат четири албански семејства кои го покриваат целиот европски пазар со наркотици. Во нив е влучена и Македонија од каде марихуаната оди за Европа.

– Има четири семејства кои го покриваат целиот европски континент со кокаин. Со кого се во дослух, не може да се каже, но ниту еден нарко картел не може да опстане без поддршка од одредени државни структури. Не знам дали се тоа безбедносни служби или луѓе од политиката, но ниту еден клан не може да опстане без тоа – додава Жарко  Поповиќ некогашен шеф на крвни деликти во Србија.

И Македонија е вклучена во шверцот

Што се однесува до патиштата за дрога, традиционално е хероинот да оди од Турција, марихуаната од плантажите во Албанија и Македонија, а кокаинот да оди во спротивна насока. А Белград има големо значење и влијание бидејќи е најголемиот град во регионот.  Тоа е центар на регионот, а исто така и на овој дел од Европа, најблиски поголеми градови се Будимпешта или Виена, а тоа јасно го покажува степенот на влијанието на Белград. Целата работа е таму – изјави Рајко Недиќ уредник во „Курир.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.