Српската полиција разбила синџир на елитна проституција и уапсила дваесетина лица, меѓу кои макроата Душко Бањац и фитнес инструкторот Никола Анѓелиќ, а меѓу осомничените се и старлетите Сања Станковиќ и Наташа Шавија.

Девојките наводно биле подведувани од Бањац и Анѓелиќ, а на списокот се и Плејбој зајачицата Мартина Рајиќ и други девојки.

 

Против сите девојки на списокот, како и против организаторите се поднесени кривични пријави, по некои се уште се трага, дел се уапсени, а дел се во бегство.

– Во голема полициска акција им се одземени лаптопите, УСБ-уредите каде се чуваат сите податоци, како и цените на услугите што ги даваат девојките кои работат за Душко и Никола. На компјутерот се пронајдени белешки со датуми кога девојките се сретнале со клиенти, забави на кои договориле работа, каталози и хотели каде што престојувале. Преку Јелена Јојиќ Мадам организираат девојки, прават групњаци и оргии за политичари, бизнисмени и спортисти, но понекогаш и за луѓе кои не се дел од јавниот свет, а се подготвени да платат. Цените се движеле од 1.000 до 5.000 евра за ноќ. Шавија и Станковиќ се проституирале со бизнисмен со кој биле на неколку тајни локации во центарот на Белград, а Мартина Рајиќ е фатена на дело. Покрај Бањац, Анѓелиќ и Јелена Јојиќ Мадам, упсена е и Мартина, која нема да биде донесена на распит во обвинителството бидејќи е донесена во Прекршочниот суд поради проституција, наведува изворот на Репортер.

Макроата Душко и Никола наводно подолго време живеат заедно во љубовна заедница.

-Анѓелиќ е познат фитнес инструктор, додека Бањац е познат во естрадните кругови, со оглед на тоа што извесен период работеше како менаџер. Тие двајца веќе подолго време живеат во љубовна заедница, а инаку приватно се блиски со старлети кои сега се осомничени за проституција и кои се уапсени, па со заедничка согласност е договорена работа. Се случувало да се договараат работи додека сите биле излезени на сплавови, па на девојките само со повици им се давале адреси каде и кога да се сретнат со клиенти, вели изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.