Од утринава се направени три обиди за почеток на редовното заседание на Народното собрание на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Во салата на Народното собрание имаше само 115 пратеници од вкупно 240 регистрирани, што се покажа за недоволно за почеток на работата на бугарскиот Парламент, за што се потребни најмалку 121 пратеник.

Првата точка се очекуваше да биде процедурата за избор на нов претседател на бугарскиот Парламент. Изненадувачки, сите политички сили во 47. Народно собрание најавија дека нема да поднесат кандидатури за оваа функција. По смената на Никола Минчев, функцијата ја извршува Мирослав Иванов од „Промените продолжуваат“. Тој ја затвори редовната седница и закажа вонредна седница за вечерва во 19.10 часот кога треба да се гласа за недоверба на бугарската Влада предводена од премиерот Кирил Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.