Бугарија нема повторно да преговара за условите од договорот со Република Македонија, изјави вршителот на должноста премиер на Бугарија, Димитар Главчев.

Нема за што да се преговара. Имаме позиција на Бугарија. Тие велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас би рекол дека нема од наша страна желба за преговори, нема за што да преговараме. Постои европска позиција. На последниот Европски совет изјавив дека Република Македонија не ги почитува своите обврски, а истото го кажа и премиерот на Грција. Република Македонија не го почитува Договорот од Преспа, затоа го кажавме нашиот став на највисоко можно ниво – Европскиот совет – рече тој, пренесе „БНР.бг“.

Неговата изјава е одговор на инсистирањето на „Има таков народ“ за итна и одлучна реакција на новите тврдења против веќе преземените обврски од таканаречениот „француски предлог“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.