Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска го посети пристаништето во северниот грчки град Александропулис и се запозна со неговите можности, соопшти бугарската Влада на својата Фејсбук страница.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија за првпат ќе учествува во постапката за концесија на пристаништето во северниот грчки град. Бугарија ќе биде дел од конзорциумот што ќе конкурира за правата на концесија. Нејзината сопственост во овој конзорциум ќе биде меѓу 10 и 15 отсто.

Преку евентуалното стекнување на концесиски права до 2062 година, Бугарија ќе има пристап до пристаниште во Егејското Море. На овој начин оваа земја ќе стане стратешки партнер во трговските односи во балканскиот регион, што ќе биде од големо значење за бугарскиот бизнис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.