Бугарија, според соопштението од бугарската влада, ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Македонија.
Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција.
Според бугарскиот премиер, важно е да се напомене дека имплементацијата на сите договори и заложби, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни за понатамошен напредок.
Најавата за позицијата на Софија што премиерот Главчев планира да ја презентира на самитот во Брисел денеска и утре, доаѓа по размената на ставови меѓу новата македонска влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски и дел од раковoдството и главните политички актери во Бугарија околу Преговарачката рамка и како понатаму на патот на земјава кон ЕУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.