Бугарија го повика својот амбасадор во Република Македонија, Ангел Ангелов, на консултации во главниот град.
„Причината за неговото привремено враќање во земјава е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија и ескалацијата на дејства и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар во културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола во јуни 2022 година, три последователни напади на зградата на организацијата „Цар Борис Трети“ во Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Македонија, бруталниот напад на 19 јануари, 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Крал Борис Трети“ во Охрид, како и донесување во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во Македонија“, соопшти Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
Целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.