Бугарски пратеници, министери, високи функционери на полицијата ги користеле услугите на жиголото или како што сака да се нарекува машки ескорт Јордан Јорданов.

Меѓу нив е и градоначалникот на Свиштов Генчо Генчев од редовите на ГЕРБ.

Телевизиска екипа во придружба на ескортот Јорданов го начекува општинскиот советник Генчо Генчев, лекар, во болницата во којашто работи зада се соочи со жиголото на кого не му ја наплатил љубовта.

Пред две години имавме сексуални односи, беше платено, како за секој нормален клиент. Си завршив работа како што треба да се заврши ама тој не ми плати колку што бевме договорени. Имаше и втора и трета средба. Првиот пат беше договорената цена, дури третиот пат почнавме да не се разбираме финансиски, рече Јорданов.

Тој кажа и дека бил пријавен во полиција дека врши изнуда и уцена, но вели дека само си ги барал парите за услугата.

Се води дело за мене за рекетирање, да. Кога започнавме да имаме недоразбирање од финасиска гледна точка тој поднесе пријава дека сум го изнудувал и бев задржан 24 часа. Пред 6 годиини почнав со сексусални услуги, сакам повисок стандард на живот, вели Јорданов.

На неговата листа на услуги се вели многу пратеници, началници на МВР, министри, високи функционери, кои плаќале за секс со него, односно за неговата активна улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.