Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент утре попладне ќе одржи седница на која ќе биде разгледан „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на  Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.
На седницата, како што е најавено, „ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот 12 од Договорот со Република Македонија од 2017 година, како и пакет документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување на ЕУ“.

Инаку за денеска во бугарското Собрание е закажана седница на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Кирил Петков.

Петков утрово при пристигнувањето во Народното собрание на Бугарија изјави дека е оптимист дека неговата влада ќе го преживее гласањето за доверба.

За да опстане, Владата на Петков мора да добие поддршка од најмалку 121 од вкупно 240-те пратеници во Собранието. Расправата по иницијативата ќе се води денеска во Народното собрание, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нејзиното завршување во среда навечер или четврток претпладне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.