Златното богатство на Варна – предвесник на цивилизациите на Сумер и Египет.Со ваков наслов бугарските медиуми објавуваат за наоѓалиштата кои му припаѓаат на музејот во Варна.

Тие пишуваат дека во почетокот на 70-тите години на дваесеттиот век светот го потресе археолошко откритие  во близина на Варна.

Најстарото обработено злато во светот, најмалку 1.000 години постаро од цивилизациите на Микена, Сумер, Месопотамија и Египет. Паралелни студии со радиокарбонска анализа во научни лаборатории и институти во Јапонија, Западна Германија, Британија и СССР, спроведени во средината на 1970-тите, откриле дека предметите од халколитската некропола Варна биле направени помеѓу 4600 и 4200 п.н.е.

Бугарските историчари тврдат дека во периодот VII-III век п.н.е. Европа сè уште живее во неолитот а сите главни достигнувања во тоа време се случиле само на исток.

 

Дали е чудно што само неколку години по нејзиното отворање, некрополата во Варна халколит е прогласена за сензација на дваесеттиот век, а бугарските земји – колевка на европската цивилизација ..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.