Претседателот Пендаровски е на бугарските власти и историчари откако со неговиот колега Мило Ѓукановиќ, заеднички ја поставија плочата на црногорскиот кнез Владимир и на македонската принцеза Косара на истоимениот плоштад во Бар.
РС Македонија продолжува брутално да ја фалсификува бугарската историја за себични цели на највисоко ниво, Последниот пример за тоа е откривањето на паметник на „македонската“ принцеза Теодора Косара од страна на претседателот Стево Пендаровски во црногорскиот град Бар, пишува Фактор.бг, пренесувајќи ја БГНЕС.
Овој чин на Пендаровски е исклучително чуден на фонот на уверувањата од страна на властите во Скопје дека прават се за почитување на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, што двете земји го потпишаа во август 2017 година.
Бугарскиот историчар и специјалист за средновековна историја, проф. Пламен Павлов, вели дека принцезата Теодора Косара е ќерка на бугарскиот цар Самоил и сопруга на кнезот на Дукља, Иван Владимир, која тој ја заробува за време на поход, а потоа се жени со неа.
-На прв поглед со еден невин гест-откривање на една споменплоча за љубовта меѓу „ќерката“ на цар Самоил и „црногорскиот“ кнез Иван Владимир-властите во Скопје сакаат да покажат дека во Средниот век има македонско царство и тоа нема ништо заедничко со Бугарија, дека тоа води некаква сопствена надворешна политика, како што тоа денешната РС; се обидува да го прави, изјави за БГНЕС, проф. Павлов.
Тој посочи дека се експлоатира една приказна, која е многу добро позната во средновековието. Таа има одглас далеку надвор од Балканот. Според некои истражувачи, љубовта меѓу Теодора Косара и Иван Владимир има некаков макар и далечен одглас и во пиесата „Бура3 на Вилијам Шекспир, зашто слични приказни биле интересни за луѓето од ренесансата, пишува БГНЕС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.