Бугарите одат да пазарат во Македонија заради пониските цени на храната, пишува БНТ.
Секој викенд стотици Бугари од регионот на Благоевград, Петрич и Ќустендил патуваат во Македонија, комбинирајќи кратко семејно патување и шопинг. Иако цените на основните прехранбени производи и таму значително пораснаа во последните месеци, тие сепак остануваат поевтини од стоките на бугарскиот пазар, пишува Бугарската национална телевизија (БНТ).
Леб и јогурт најчесто купуваат пензионерите во еден од дуќаните во благоевградското село Селиште. Цените на сите производи се зголемени за 10, 20, па и 40 отсто, а платите и пензиите воопшто не растат со овие стапки, стои во текстот.
Со укинувањето на рестрикциите поради коронавирусот, голем број жители на Благоевград и луѓе од регионот повторно излегоа на пазарите во околните градови во Македонија.
И македонските медиуми досега пишувале на оваа тема. Граѓаните ја минуваат границата и пазарат на македонско тло каде продуктите се поевтини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.