Бугарија сe уште не испратила воена и воено-техничка поддршка за Украина. Toа на прес-конференција во Министерството за одбрана го објасни заменик-министерката за одбрана на Бугарија, Катерина Граматикова. Изјавата беше по спекулациите во медиумите дека државата испратила оружје пред Законот за ратификација на Договорот меѓу министерствата за одбрана на Бугарија и Украина за бесплатното обезбедување на вооружување, опрема и муниција, јави БТА.
По повод загриженоста на јавноста дека Националното собрание ќе биде изолирано од обезбедувањето дополнителна дополнителна помош за Украина, Министерството за одбрана подготви амандман на договорот, објави Граматикова.
Таа објасни дека со текстот на договорот беше надмината правна празнина во бугарското законодавство и создаден е правен предуслов државата да може да го реализира. Во денешниот број на Државен весник е објавен законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.