На средби во Брисел, бугарска делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев и министерот за енергетика Александар Николов ја разјасниле состојбата по прекинот на испораката на гас од „Газпром“.
Василев на брифингот за медиумите во Брисел изјави дека Бугарија добила силна поддршка од Европската комисија да биде домаќин на регионален координативен центар кој ќе управува со заедничката употреба на гасната и електричната инфраструктура во Југоисточна Европа и регионот како целина.
Според Василев, властите во земјата имаат план за испораки на Бугарија, а тој се спроведува со ЛНГ гас кој доаѓа од терминалот во Ривитуса, од каде се добиваат дополнителни количества од Грција.
Бугарската делегација побарала ова да биде одлука не само за неа, туку и за регионот. Сега, според Василев, Бугарија ќе ја координира инфраструктурата за трансфер на 20 милијарди кубни метри за регионот и Европа. Овој координативен центар ќе ги добие најдобрите предлози за заедничка набавка.
Василев изјави дека Бугарија нема да отвори сметка во руски рубљи, како што инсистираше Москва, за да може да го плати гасот од Русија.
Вицепремиерот Василев и министерот за енергетика Николов најавија дека Бугарија ќе го тужи „Газпром“ за еднострано раскинување на договорот за испорака на руски гас за Бугарија.
Василев тврди дека Бугарија нема да има проблем следната зима, бидејќи може да испорача не само три милијарди кубни метри гас, туку и уште 17-20 милијарди кубни метри гас за регионот на Југоисточна Европа, затоа што ќе биде домаќин на овој центар, кој ќе ги координира сите овие испораки во него.
Асен Василев и Александар Николов беа примени од потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.