Двотретинско мнозинство за импичмент врз актуелниот бугарски претседател во Бугарија веќе постои, а оваа иницијатива потекнува од поранешниот шеф на бугарската тајна служба Атанас Атанасов, пренесува ДојчеВеле. Според информациите кои ги објави „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ постапката би можела да биде покрената поради фактот што претседателот Румен Радев ја запре испораката на оружје за Украина која беше одобрена лани во ноември.
Прашањето дали оваа одлука може биде спорна лежи во фактот дека испораката на оружје била изгласана со мнозинство, но во време кога Бугарија имаше техничка, а не стандардна влада.
Радев бил воен пилот во времето на Варшавскиот пакт и според некои аналитичари е под влијание на размислувањата од времето на комунизмот во Бугарија. Како аргумент за тоа се наведува дека тој повеќе пати досега се изјасни против воената помош за Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.