Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод – ГА-МА и Булгартрансгаз, кои се во стоотстотна државна сопственост постигнаа нацрт-договор за меѓусистемско поврзување. Ова го објави Булгартрансгаз на својата веб-страница, при тоа објавувајќи го и решението, кое како што дознава „Фактор“, треба да се потпише околу 1 ноември.
Објавено е дека од 18 до 28 октомври ќе трае јавната консултација за бизнис правилата од проектот за меѓусистемско поврзување на точката Ќустендил (Бугарија) – Жидилово (Македонија). На јавна дискусија двата оператори ќе ги презентираат правилата за процедурите за дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.