Возило со мигранти од Авганистан се превртело на автопат во близина на Софија при што загинал еден од мигрантите. Инцидентот се случил околу полноќ по локално време, јавија бугарските медиуми.

Полицијата по добиен сигнал се упатила во потера по возилото со странски регистерски таблички во кое биле мигрантите за да го запре. Во обид да избегне проверка на полицијата возачот на возилото во кое биле мигрантите изгубил контрола и удрил во бетонска ограда.

Според бугарски медиуми, возачот е српски државјанин и е приведен. Шеснаесет мигранти се здобиле со повреди и се пренесени во локални болници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.