Бродовите и траектите на најголемото грчко пристаниште Пиреас во Атина денеска остануваат закотвени поради 24-часовниот штрајк организиран од синдикатите на морнарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот започна една минута по полноќ и ќе трае до полноќ вечерва, а синдикатите бараат нови колективни договори, повлекување на нацртот за новиот законик на приватно поморско право, како и зголемувања на платите. Бродските компании објавија измени во програмата, а сите денешни редовни линии од Пиреас до островите се откажани. Синдикатите на вработените во поморството ќе учествуваат и во генералниот штрајк на 9 ноември организиран од двата најголеми грчки синдикати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.