Српската премиерка Ана Брнабиќ се објаснуваше зошто летувала во Хрватска, по острата реторика меѓу властите во двете земји по повод одбележување на годишницата од акцијата „Бура“.

Таа рече дека поседува имот во Хрватска и затоа била таму на летување

Имам куќа во Хрватска, на островот Крк. Мојот дедо, таткото на мојот татко е од Крк. Последен пат таму бев во 2016 година. Откако влегов во владата, како министерка за државна управа и локална самоуправа, не сум отишла во својата куќа, кажа Брнабиќ.

Вели дека во овој момент чувствува дека за неа како шефица на српската влада не е добро да летува во Хрватска.

Дел од моето семејство летува таму. Тоа е мое лично чувство, мислам дека не морам да го објаснувам, порача српската премиерка.

Пратеникот на владејачката партија СНС Владимир Ѓукановиќ и градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ кажаа дека не ги разбираат Србите кои летуваат во Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.