Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.
Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.
Од моментот кога ќе ја добиете довербата и ќе бидете назначени за мандатар до моментот кога ќе бидете премиер, има многу работа и многу предизвици. Треба да се завршат и преговорите со коалициските партнери, рече Брнабиќ.
Според неа, најважно во иднина е Србија да има единство, посветеност и сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.