ЕУ не може постојано да одложува некои одлуки, изјави денеска во Фиренца српската премиерка Ана Брнабиќ на собирот посветен на состојбите во Унијата додавајќи дека тоа е случај за целиот регион на Западен Балкан, пренесе „Телеграф“.
Брнабиќ порача дека не треба да се занемари Западен Балкан и ЕУ да му ја отвори вратата на некој друг, без разлика на политичката ситуација, бидејќи, како што рече, тоа би било голема грешка и не би било фер.
Не можам да замислам некој да стане членка на ЕУ пред Западен Балкан, рече Брнабиќ.
Таа ја наведе Македонија како пример дека и покрај тоа што го смени името, сѐ уште не ги почна преговорите за влез во ЕУ.
Брнабиќ нагласи дека членството во ЕУ е секогаш политичка одлука за која не е пресуден степенот на спроведени реформи додавајќи дека одлуките за членство на Бугарија, Романија и на Хрватска биле политички.
Таа го истакна и значењето на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ на Србија, Албанија и на Македонија нагласувајќи дека е отворена поканата за приклучување и на другите од регионот, пишува „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.