Албанскиот премиер Еди Рама, во обраќањето на седница на Собранието на неговата Социјалистичка партија, го нападна Специјалното јавно обвнителство, СПАК, велејќи дека на оваа институција и истекува времето за да ги истражи Сали Бериша, Илир Мета, судии и обвинители.

Тој рече дека СПАК го истражувало судијата од Врховниот суд Дворани, но ги ослободил оние што имаат вили и кои го оцрниле образот на Албанија со голема корупција.

Го спомена поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, нарекувајќи го „голем нон грата“ и актуелниот претседател Илир Мета „кого цела Албанија сака да го види пред СПАК“.

Ја предводев оваа реформа без да разговарам за ниеден член, иако нашите адвокати имаа резерви. Не бев наивен мислејќи дека тоа ќе се направи и се ќе помине во најдобар ред. Сè понетрпелив сум со фактот дека оние кои тотално ја оцрнуваат Албанија каде неказнивоста стана симбол, денес се сите недопрени, додека СПАК се занимава со Адријан Дворани, кој живее во стан од пред 90-те години. Во меѓувреме оние што ги наредиле вилите, сите се слободни. Да не зборуваме за големата нон грата (Бериша, кој во мај минатата година САД го прогласи непожелен поради вмешаност во корупција). Прашањето за големата нон грата не им припаѓа на САД, тоа е на Албанија и на маката на албанскиот народ. Ова не е предизвик за САД, туку чувство на правда во земјава, рече Рама.

Тој порача дека СПАК мора да го истражи секого, на кое било ниво на функција, за кого има и најмал сомнеж.

Нашето трпение е при крај. Мојот повик, кој не е политички, е: Дами и господа од СПАК, разбудете се и излезете во одбрана на Албанија, која денес се срами пред еден нон грата, кој му се потсмева на овој народ. СПАК мора да му стави крај на овој срам, додаде Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.