Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог 2022 во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.
Темата на овогодишниот форум е „Градењето на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“.
Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе учествува на премиерскиот панел 65 години после Договорот од Рим: Дали Европа е економски обновена и интегрирана.
На Преспа форумот во Охрид присуствуваат голем број претставници од регионот и претставници на европски институции, невладини организации, академската заедница, меѓународни организации и други
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.