Премиерката Ана Брнабиќ денеска по средбата со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека се надева оти по неговата посета на Белград односите меѓу двете земји ќе бидат ресетирани и дека Србија и Црна Гора ќе влезат во ера на многу добри и најдобри можни односи, јави дописиникот на МИА од Белград.
Посетата ни е многу важна, се надевам дека со оваа посета ќе успееме да го постигнеме она што знам дека го посакуваме како премиери, а тоа е да ги ресетираме односите меѓу Србија и Црна Гора и да влеземе во ера на навистина добри и најдобри можни односи, истакна Брнабиќ на прес-конференцијата со Абазовиќ.
Премиерот на Црна Гора Дритан Абазови изјави дека му претставува голема чест што неговата прва посета на регионот е во Белград.
Тука сме да свртиме нов лист и да ги подигнеме нашите политички и севкупни односи на највисоко ниво, рече Абазовиќ.
На средбите како што истакнаа Брнабиќ и Абазовиќ се разговарало за сите отврени теми што ги имаат двете држави, како што се потпишувањето на Темелниот дооговор меѓу Црна Гора и СПЦ, прашањето за размена на амбасдори во Белград и Подгорица, кое според Брнабиќ, „наскоро ќе биде решено” и екстрадицијата на поранешниот претседател на државната заедница на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ на Црна Гора.
На средбта е разговарано и за воспоставување на платен промет меѓу двете земји, енергетиката, инфраструктурното поврзување, а Брнабиќ денеска го повика Абазовиќ Црна Гора да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан.
Сакам да му се заблагодарам на Абазовиќ што со чисто срце пристапи да ги види придобивките од иницијативата на Отврен Балкан и што беше на средбата во Охрид. Се понудив да ги дадам сите информации за таа иницијатива и калкулациите што ги имаме за придобивките што ги носи ОБ на наши граѓани, со молба и покана уште денеска да се приклучат на иницијативата на ОБ, рече Брнабиќ.
Таа посочи дека тоа многу би значело во овие турбулентни времиња и ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и потсети на иницијативата на претседателот Вучиќ на самитот ОБ за заедничка енергетска политика која би овозможила полесно балансирање на системите и побрзо градење на капацитетите од обновливите извори на енергија.
Абазовиќ ја спомена важноста од вмрежување и гасификација, за што е идеално пристаништето Бар, кое би се поврзало со гасоводот од Албанија, што би претставувало делумна диверзификација и потсети дека Црна Гора има кабел до Италија за увоз и извоз на струја.
Тој оцени дека за Црна Гора е прифатлива иницијативата од Охрид за заедничка изградба на енергетски капацитети кои би овозможиле енергијата да се користи според процентот на сопственост.
Црна Гора е заинтересирана за секаков вид соработка. Наш интерес е се да правиме со високи еколошки стандарди. Според уставот, ние сме еколошка држава и намерата на Владата на Црна Гора е да го врати зелениот имиџ. Ако тука најдеме заеднички проект и интерес, зошто да не, рече Абазовиќ на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.