Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница претставува „пирова победа и фаул на големите западни сили“.

Во ОН членуваат 193 земји, а Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница беше усвоена вчера со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.

Брнабиќ за РТС изјави дека Србија покажала како се бори за своите интереси, светот и меѓународното право и не дозволила „ народот да биде жигосан“.

„Сето ова сега е многу свежо и една работа што ја научив од претседателот на Србија Александар Вучиќ е дека не треба да реагирате набрзина“, рече таа.

Вака таа одговори на прашањето за идните односи на официјален Белград со земјите од европскиот континент кои ја поддржаа Резолуцијата, на која Србија се противи.

„Сè што ќе кажам е доста емотивно, мене лично ќе ми биде исклучително тешко да продолжам да работам со земјите кои беа спонзори и коспонзори на таа резолуција“, рече таа.

Таа додаде дека „во секој момент“ ќе се чувствува многу поблиска со земјите кои гласаа против, воздржани или ја напуштија просторијата кога се гласаше за резолуцијата.

„Ние секако треба да продолжиме да работиме со нашите партнери, а тоа е во наш национален интерес и со земјите-членки на ЕУ“, рече таа.

Рече и дека „во секој момент“ секогаш ќе биде со земјите што беа со Србија во ОН и им се заблагодари на сите што ги поддржаа позициите на Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.