ремиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денес дека не е оптимист оти денеска во Брисел ќе се постигне договор меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.
Не сум оптимист во контекст на тоа што го зборувавме. Можете да видите дека во земјава се обидуваат да ја ослабат позицијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на Владата на Србија во вакви тешки моменти. Во моментот кога претседателот треба да се фокусира на одбрана на интересите на Србија, тие (опозицијата) зборуваат глупости за салами паризeри и за тоа дали претседателот јадел или не, што е бесмислено и ја покажува нивната неодговорност, изјави Брнабиќ на ТВ Пинк.
Брнабиќ истакна дека претседателот на Србија има доволно фокус и емоционална стабилност да го остави сето тоа зад себе и денес на најдобар начин да ги брани државните интереси
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.