Не е точно оти партијата организира пријавување на живеалиштето на жителите од другите градови во Белград за да гласаат на изборите на 17 декември, тоа не е можно бидејќи списоците се поврзани во единствен избирачки список, па затоа постои централен регистар на населението, изјави денеска Ана Брнабиќ, објавуваат српските медиуми.

Брнабиќ, која е и премиер во оставка, во изборната програма на телевизијата „Хепи“ рече дека „додека не постоеше единствен избирачки список, (до) 2012 година, секоја општина чуваше свој избирачки список, тогаш беше сосема можно еден ист човек да гласа на две места во Србија“.

Од каде ги населуваме овие луѓе, пред секои избори ја повторуваат таа приказна. Ако му се верува на Драган Ѓилас, Србија денес би имала 60 милиони жители. Не можеме да крадеме затоа што го уредивме системот. Ако народот рече дека не нѐ сака, не нѐ сака. Ќе бидеме сериозна, стабилна опозиција, изјави Брнабиќ.

Таа рече дека приказната за фантомските гласачи, за кои претставниците на опозицијата тврдат дека се пријавуваат на адреси во Белград, е „приказна за хаосот што сакаат да го направат од 18 декември“.

Сега го подготвуваат теренот од 18 декември повторно да направат хаос во Србија. Ако дојдат на власт, не им е јасно како функционира сега системот, тој избирачки список повторно би го правеле на хартија. Бројот на гласачи се ажурира на секои три месеци. Денеска да пријавиш човек што живее во Ниш да гласа во Белград и да кажеш дека тоа е од 300 до 500 луѓе дневно, тоа е апсолутно невозможно, рече Брнабиќ.

Според неа, „да има зрнце вистина“ за приказните за регистрација на фантомски гласачи би реагирале Европската Унија и Соединетите Американски Држави, како и набљудувачката мисија на ОБСЕ, ОДИХР и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.