По комеморативната седница, која денеска се одржа во Цетиње, со потресни зборови зборуваше Тиодор Радуновиќ кој во масакрот ги загуби двете сестри Мила и Александра Радуновиќ.
Со насолзени очи и видно потресен испрати барање до претставниците на властите, Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње, кој го застрела убиецот Вук Бориловиќ, да биде ослободен од секаква одговорност и властите да не го товарат за кривично дело.
Радуновиќ повика да се ослободи од одговорноста, како што рече, „човекот што го прекина крвопролевањето во Цетиње“.
„Ве молам децата што ги има тој човек да не останат без татко по втор пат, ве молам, ве молам, тој човек да не биде обвинет“, рече Радуновиќ и рече дека тоа е херојски чин.
Додека Радуновиќ зборуваше, од салата се слушна одобрување „Така е!“, а на крајот со аплауз за поддршка на неговото барање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.