Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска одговарајќи на изјавата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во која ги повикува лидерите на Белград и Приштина да се воздржат од запалива реторика, побара од Брисел „да престане со лицемерието“ и оцени дека ЕУ не го направи својот дел во спроведувањето на Бриселскиот договор и формирањето на Заедницата на српските општини.

Доколку ЕУ го стореше својот дел – го обезбеди спроведувањето на Бриселскиот договор и ги гарантираше основните човекови права на Србите во Косово – работите денес ќе изгледаа многу поинаку. Затоа, ве молам престанете со лицемерието“ – порача Брнабиќ во објава на Твитер, потсетувајќи дека се наближува 10-годишнината од потпишувањето на Бриселскиот договор.

Таа оцени дека „гледајќи ја оваа изјава на ЕЕАС, може да се помисли дека денес е 1 април, а не 14 август“.

Тоа мора да е некаква (многу несолена) шега – напиша премиерката на Србија.

Брнабиќ изјави дека „175 дена Албин Курти провоцирал вооружен конфликт со Србите“ и дека „во година која ќе остане запаметена како година во која Курти ги лишил истите Срби на Косово и Метохија од нивните најосновни човекови права – со забрана за гласање“.

Дури и самата ЕУ признава дека не може да го принуди Курти да формира Заедница на српски општини – столбот на Бриселскиот договор, вели таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.