12-годишниот М. Д и 14-годишната М. Д загинале денеска во сообраќајна несреќа која се случила на железничкиот премин во местото Петка во Лазаревац, кога на автомобилот во кој биле налетал воз, објавија српските медиуми.

Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата, 38-годишниот Милан Д. е тешко повреден.

На автомобилот марка „Audi“ налетал воз кој сообраќал на линијата Приеполе – Белград.

На самото место е дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Лазаревац кој прави увид. Се очекува да пристигне и полицијата од Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.