По земјотресот што ја погоди Турција, Нергис и Чумали Бакајли ја губат секоја трага на нивното 6,5 месечно бебе, кое е родено предвреме. По многудневна тага и вознемиреност, турската двојка конечно доживеала олеснување кога дознале дека детето е живо и здраво. За бајката по земјотресот пишуваат бројни медиуми од оваа земја.
Бебето на Нергис и Цумале Бакајли се лекувало во болница во Караманмарас поради крварење во мозокот по предвремено породување. Откако земјотресите ја оштетија оваа болница, бебето прво било префрлено во градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на медицинскиот факултет на Универзитетот Селчук. Брачниот пар Бакајли по земјотресот почнал да го бара своето дете.
Вработените во болницата во Селчук ги контактирале родителите и рекле дека бебето е со нив, живо и здраво. Во интервју за турските медиуми, мајката изјави дека сега е време за „повторно обединување“ на семејството.
-Пред земјотресот ќерка ми беше во болница. По земјотресот не можевме да ја најдеме. Се јави докторката и рече дека нашата ќерка е таму и дека нејзината состојба е многу добра. Господ да ги благослови сите. Се трудиме да опстанеме како семејство. Кога добивме добра вест за нашата ќерка, световите станаа наши, сега е време да се обединиме, вели мајката.
Таткото Нергис Бакајли е пресреќен откако конечно ја доби веста за девојчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.