Два големи пожари во сплитско-далматинската жупанија, оној во Подгора и Тучепи и оној во Врсине кај Трогир, се уште не се изгаснати, беше потврдено утринава во Противпожарниот и оперативен центар на сплитската жупанија. Сепак, според најновите информации кои ги објавија хрватски медиуми, противпожарните бригади, зајакнати со доброволци, успеале да ги одбранат куќите во Подгора.

Стјепко Мрсиќ, командант на доброволната противпожарна чета од Подгора, за Далмација денес ја коментираше утринската ситуација на пожарното место кај Подгора.

„Ситуацијата во Подгора утрово е мирна, кај Тучеп се уште има неколку жаришта. Во текот на ноќта околу 02:00 часот го прекинавме пожарот, ветрот стивна, а сега состојбата е добра, освен ако нешто не се промени во текот на денот. Тоа е огромна област, навистина ни требаат канадери“, рече Мршиќ.

Големиот пожар кај летувалиштето на макарската ривиера Тучепи, под планината Биоково, кој избувна прексиноќа, се уште не е изгаснат, а вчера ситуацијата дополнително се искомплицира кога се прошири кон соседното населено место, Подгора, каде мораше да се евакуираат некои места. Биоково гореше цела ноќ, при што во еден момент опасно се приближи кон куќите на населбата Горња Подгора. Синоќа нешто пред полноќ градоначалникот на Подгора потврди дека куќите се зачувани.

Евакуацијата на населението во Подгора до која стигна пожарот од Горњи Тучепи, каде пожарникарите цели 24 часа се борат со пожарот и каде изгореа околу 400 хектари макии, ниска вегетација и борова шума, почна синоќа.

Како што изјави за Хина шефот на противпожарната служба на ДВД Тучепи Горан Бушелиќ, ситуацијата на терен е тешка, им недостигаат пожарникари и цистерни.

„Пожарот во Тучепи успеавме да го ставиме под контрола, но сега ни е страшно во Подгора. Гори од сите страни. Пожарот е во паркот на природата Биоково. Моравме да ги евакуираме сите луѓе од куќите со базени. Цела ноќ ќе продолжиме да се бориме за секој човек и предмет, но ни недостигаат луѓе и ресурси“, рече началникот на противпожарната служба.

Тој пожар гори од вторникот вечерта, поради што на терен се 250 пожарникари со 50 возила, на кои во текот на денот им помагале авиони канадери. Бил испровоциран од невнимателен 65-годишен пчелар, за што е кривично пријавен.

Шефот на противпожарните единици на Подгора, Петра Радиќ за N1 изјави дека над 200 пожарникари се уште се на терен. „Има огромни количества чад, ги предупредивме луѓето да ги затворат прозорците, да ги вклучат клима уредите, да користат маски. Очекуваме чадот да се прошири. Воздушна поддршка ќе ја опфати делницата кон ПП Биоково околу 11 часот. Најголем дел од луѓето се вратија во своите домови, струјата пристигна синоќа околу 2 часот по полноќ“, рече таа.

Пожарникарите од утрово на Фејсбук објавија снимки од местото на пожарот.

На фотографиите се гледаат видно уморни пожарникари.

Во видеото објавено на Фејсбук од порталот Далмација Данас, пожарникарите на ДВД Врањиќ шетаат низ пожарот во месноста Биоково.

„Боже, помогни“, се слушаат како велат пожарникарите на видеото.

„Во текот на денот пожарот го зафати паркот на природата Биоково, кој исто така гореше во 2017 година. Ни беше јасно дека приоритет е одбраната на куќите. Но, попладнето пожарот влезе во паркот на природата и зафати густ бор шума од далматински црн бор“, рече тој. е Стипе Сржиќ, главен чувар на паркот на природата Биоково за Нова ТВ.

„Тоа е шума стара речиси сто години. Сите посетители кои доаѓаат во паркот нагласуваат дека тој е еден од најубавите делови на Паркот. Веќе стигна до делот каде гореше во 2017 година и сега оди кон горниот дел. Можеме само да се надеваме дека нема да ја изгори целата таа шума“, рече чуварот.

Пожарот кај во шибенската жупанија кај маселбата Пакоштан е локализиран, гаснењето го врши тракторот Ер. Во Скрадин ситуацијата е поволна, густиот чад го оневозможува работењето на авионите канадери. Вечерва најлошо беше во близина на Трогир, каде имаше силен отворен пламен, но куќите не беа загрозени. Таму има два канадера“, информираа за Хина од противпожарните единици.

Покрај овој пожар, пожарникарите се борат и со оној во Врсине кај Трогир што избувна во средата попладне. Ситуацијата таму е нешто подобра, а на терен се 120 пожарникари на кои им помогнаа колегите од Лика-сењската жупанија.

Пред да падне ноќта, тие успеале да го потиснат пожарот и да го стават под контрола, поради што командантот на ДВД Трогир Марин Бубле се надева дека ќе успеат да го решат пожарот до четврток.

„Се работи за пожар на непристапен терен. Горат макии, ниска вегетација и борова шума. Сè уште не знаеме колкава би можела да биде областа“, накратко изјави Бубле.

На Твитер е објавено и видео од локацијата меѓу тунелот Ступица и влезот во паркот на природата Биоково, на која се гледа дека пожарот драстично се проширил.

Поради пожар затворен е државниот пат ДЦ512 од Макарска до тунелот Ступица, во градот Горњи Тучепи, јавува утрово Хрватскиот авто клуб (ХАК).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.