Бугарскиот министер за електронско управување, Божидар Божанов, на фејсбук истакна дека Бугарија била изложена на кампања од дезинформации.

Според Божанов, целта на кампањата била да се создаде паника поради недостигот на бензинот и горивата и вештачко поскапување на нивните цени, поради што голем број жители на Софија биле присилени во ноќните часови да ги наполнат своите автомобили.

Божанов прокоментира и дека Бугарија има и ќе има горива.

Според него, комбинацијата на кампањата за дезинформации и тенденцијата да се шпекулира со стравот на луѓето од страна на некои сопственици на бензински пумпи доведува до раст на цените и ескалација на тензиите.

Премиерот Кирил Петков дури мораше да соопшти дека земјата има доволно гориво и додаде дека ќе ја натера Комисијата за заштита на конкуренцијата да провери зошто настанала тензијата, а Министерството за е-влада на Бугарија да ги анализира изворите и дистрибуцијата на оваа кампања за дезинформации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.