Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, побара од унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто да лобира кај политичарите од Република Српска за ставање крај на политичката криза во Босна и Херцеговина.

Разбирањето на сите политичари во Босна и Херцеговина е многу важно и го замолив Сијарто да ги искористи добрите врски со политичарите во РС и да лобира да се вратиме на позициите кои значат политичка стабилност и од кои можеме да создадеме некои нови економски можности, изјави Конаковиќ по средбата со Сијарто во Унгарија.

Како што пренесе Бета, Конаковиќ побарал од унгарскиот министер за надворешни работи „да им објасни на политичарите во РС какви придобивки носи приказната за ЕУ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.