Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети.

Според податоците на агенцијата Алфа Рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови.

Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 отсто, БСП-Обединета левица со 7,8 отсто од гласовите и Има таков народ со 6,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети.

Заклучно со 19:00 часот, излезноста на гласачите беше над 33%. Право на глас имаа 6.601.262 лица. На изборите учествуваат 19 партии, 9 коалиции и 1 независен кандидат, кои се борат за 240 пратенички места во бугарскиот Парламент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.