Советниците советуваат, а не водат надворешна политика. Владата на Кирил Петков е подготвена да даде зелено светло за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ кога ќе има резултати, изјави Лена Бориславова, шеф на кабинетот на премиерот на Бугарија.

Бориславова ги коментираше разликите меѓу премиерот и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која во петокот во Народното собрание го обвини премиерот дека води втора надворешна политика, во која огромна улога има неговиот советник за надворешна политика.

Разговорот со г-ѓа Генчовска е многу ефикасен, како и со сите министри. Состаноците на Советот на министри се одвиваат во многу конструктивен дух – изјави Бориславова за бТВ, додавајќи дека вчера во Битола шефот на дипломатијата изјавил дека „зборува во единство со премиерот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.